ТВ ПРЕНОС: Барса - Е. Пелистер, ПСЖ - Магдебург...

Денеска и утре ќе се игра последното коло од предолгата групна фаза од Лигата на шампионите. За среќа ова е последната сезона во која ЛШ се игра по овој систем. Систем за кој веруваме дека беше инсталиран како изнудено решение во моментите кога постоеше идејата за одвојување на најдобрите клубови од системот на ЕХФ и формирање на посебно првенство.

Во последното коло, македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе гостува во Барселона. Ќе дели мегдан со Барса, можеби најсилниот тим во светот во моментов, на натпревар што нема резултатско значење за битолчани. Својата работа ја завршија со неколку добри настапи, но без награда за минатиот труд. Сезоната е успешна, а за повеќе, веројатно треба најмалку да се дуплира буџетот, па оттаму да се крои екипа што ќе игра Плејоф. Резултатскиот максимум во ваква консталација на групи во ЛШ, е тука некаде каде што се сега. 
За Барса работата не е завршена во групата. Тие мораат да победат или да одиграат нерешено вечерва за да го задржат првото место во групата пред Магдебург кој вечерва гостува во Париз. 
И двата натпревари ќе бидат директно пренесувани на ТВ, хендикеп за гледачите е што се играат во исто време. 

Третиот меч што денеска ќе се игра е натпреварот меѓу ГОГ и Загреб. Хрватите се најголемото разочарување годинава во ЛШ, рамо до рамо со проектот што тоне секоја година - Колстад.
ГОГ игра за подобра позиција од ПСЖ, двата тима имаат по 11 бода. Но, тоа малку значи во моментов, затоа што вкрстувањето ќе биде познато утре кога ќе се одиграат натпреварите од групата 1. 

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 
18:45  ГОГ - ЗАГРЕБ (ТВ Арена Спорт 4)
20:45  БАРСА - Е. ПЕЛИСТЕР (МТВ, ТВ Арена Спорт 4)
20:45  ПСЖ - МАГДЕБУРГ (ТВ Арена Спорт 3)


 

Поврзани вести