УО на РФМ: Ф4 на Куп ќе се игра во Струмица!

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија денеска го одржа првиот состанок во 2026 со неколку интересни теми и точки што членовите ги одобрија или усвоија.

Донесена е одлука за „Ф4“ на Куп на Македонија 2026. Екипите на Е. Пелистер, Вардар 1961, Алкалоид и Охрид за првиот пехар сезонава во Суперлигата ќе се борат во Струмица. 
Термините се 17/19 април. 

Тема што неофицијално беше актуелна, најавената преселба на канцелариите на РФМ од „Скопјанка“ во „Јане Сандански“ денеска беше и официјализирана како точка на дневен ред. РФМ ќе се пресели во „Јане Сандански“, веројатно до јуни ако сѐ оди како што треба. Договорот би требало да биде долгорочен, дводецениски.

Поврзани вести