Фото: Mkdhandball
Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија денеска го одржа првиот состанок во 2026 со неколку интересни теми и точки што членовите ги одобрија или усвоија.
Извештајот на Кирил Лазаров, селекторот на машката сениорска репрезентација за настапот на ЕП 2026 беше воведниот дел, а УО го верификуваше и неговиот нов договор важечки до 2029 година.
„Од ова ЕП извадивме максимум, жалиме за последниот напад за победа против Португалија за пласман во тие нереални Топ 12, но среќни сме што во бараж мечот за СП 2027 добивме коректни противници, кои не сакам да ги потценам. Треба квалитетно да се одигра. Направиме добра база на играчи, националниот тим обединува, треба сите да работиме за да направиме добри репрезентации“, рече Кирил Лазаров пред Управниот Одбор.
Реков и на претходната седница на Управниот Одбор, апелирав клубовите да даваат поголема шанса на домашните ракометари затоа што тоа е единствениот начин да се игра напред. Немам ништо против странците, особено оние квалитетните што се додадена вредност во клубовите. Реалноста е таа, ростерот е лимитиран, ние во однос на последното ЕП ќе имаме одредена додадена вредност со Милан Лазаревски и со Марко Митев, кој се уште се приближува до својата топ-форма. Треба да се биде реален, не треба да се даваат лажни ветувања. Ако иа некој да ја води Македонија, да вети дека може да ја однесе до Топ 10 на големите натпреварување, слободно нека дојде на мое место. Но, верувајте дека реалната слика е поинаква“, изјави Кире Лазаров.
Ракометарите ќе добијат повисока премија. Покрај ветените 1 милион денари за секоја победа, ќе добијат уште еден милион денари и за нерешениот резултат со Португалија.