ВЕСТИ: Црногорско засилување за Брестовац, Раул доведе врвен пикер во Партизан...

Photo: IHF

Црногорскиот ас Владан Липовина е засилувањето за Данило Брестовац во екипата на Ал Араби, новиот шампион на Катар за Куп натпреварите што ќе се играат викендов. Поранешниот ракометар на Металург привремено ќе го замени чешкиот ракометар Станислав Кашпарек.

Раул Гонзалез и белградски Партизан добија капитално засилување на линија. Австрискиот репрезентативен пикер Тобијас Вагнер, препознатлив по својата габаритност е новиот линиски напаѓач на црно-белите. И Партизан и Вагнер се надеваат дека следната сезона ќе добијат место во проширениот состав на Лигата на шампионите.

Екипата на Лос Анџелес Хендбал стана шампион на САД, откако победи на турнирот што се играше за титула. Екипата која од клупа е предводена од Данецот Мортен Олсен, а каде што меѓудруго играат и поранешни ѕвезди како Вилијам Акамбре, Мими Краус, Мишел Робин, Виран Морос, Домагој Сршен итн. беше пред пораз од тимот на Њујорк, но во финишот успеа да израмни (33-33) што им беше доволно за првото место.

Една од најпознатите поранешни руски ракометарки, Ирина Близнова е назначена за селектор на женска јуниорска репрезентација на Русија. Младите руски репрезентации добија зелено светло за настап на СП од страна ИХФ.







 

Поврзани вести