ЛШ: Веспрем ќе брани гол предност во Берлин

Photo: IHF/International Handball Federation

Екипата на Веспрем со еден гол разлика успеа да го победи ланскиот финалист во ЛШ, Фуксе Берлин (35-34) на првата 1/4 финална пресметка. 
Беа блиску до победа на гостински терен германските ракометари предводени од вонерискиот Матијас Гидсел кој постигна 13 гола на овој натпревар, а беше следен од сонародникот Ласе Андерсен кој, пак, беше стрелец на осум гола. 
Берлин водеше во текот на целиот натпревар, со два-три гола разлика, а во еден момент имаше и плус пет (25-20, 26-21). 
Но, Веспрем успеа да се врати. Иван Мартиновиќ и Иго Деска постигнаа по осум гола, а Веспрем во 52 минута од мечот прв пат поведе (31-30). Конечниот резултат е 35-34 за Веспрем и топката сега е префрлена на половината на Германците кои следната недела ќе се го организираат реванш натпреварот. 
 

Поврзани вести