Зад оставката на Талант стои бунт?

Photo: Industria Kielce

Полските медиуми и натаму се занимаваат и „забавуваат“ со разделбата на Талант Душебаев и Келце по 12 години соработка. 
Последното од низата шпекулации е дека причина за расплетот е кавга и бунт во тимот по поразот и елиминацијата од Висла Плоцк во Куп на Полска.
Талант Душебаев жестоко ги искритикувал играчите во соблекувалната веднаш по натпреварот, по што дошло до бунт, голема поделба во тимот, а единствено Алекс и Даниел Душебаеви биле на неговата страна. 
Другите ракометари наводно се заканиле дека нема да се доаѓаат повеќе на тренинг по што клопчето комплетно се расплеткало и место во јуни, Талант ја заврши својата мисија во Келце два месеца порано. 

Поврзани вести