Е. Пелистер е вицепрвак, Охрид на трето место

Екипата на Еурофарм Пелистер е вицепрвак на Македонија. Во решавачкиот натпревар дали ќе бидат втори или пак Охрид ќе ги мине на табелата, Еурофам Пелистер на свој терен успеа да го совлада Алкалоид и да го обезбеди второто место.
Не беше прошетка последното дерби, Алкалоид водеше еден гол разлика на полувреме и не беше сеедно на битолчани. Но, слично како и на меѓусбното дерби во Скопје, во второто полувреме Пелистер направи пресврт и на крајот победи со 31-26 и следната сезона ќе нѐ претставува во Европската лига.
Третото место е за ГРК Охрид кој би требало да аплицира за настап во Европската лига исто така, а Алкалоид ќе игра во Купот што веќе еднаш го освои – ЕХФ Европскиот Куп.
Но, конечната распределба на местата од Македонија во ЕХФ ќе биде позната откако ќе се формира Лигата на шампионите.