Македонија одново ќе игра ракомет на плажа

Македонија одново ќе игра ракомет на плажа. Машки сениорски тим ќе биде формиран и ќе настапи на втората станица од ИХФ Глобална турнеја, а домаќин на овој настан ќе биде Полска, односно градот Плоцк.
Македонија, Франција и Чешка ќе дебитираат на Глобалната турнеја која почна минатиот месец во Загреб. Победникот во оваа етапа, ќе се квалификува за финалната етапа во турнејата.

Македонија во различни периоди имала репрезентации во ракомет на плажа што учествувале и на Светски и на Европски првенства, но немала домашен систем на натпреварување во спортот во кој ИХФ постојано вложува и ги посебно ги цени земјите што му даваат поддршка.

Поврзани вести