Јасухира го одведе Бурган до шампионски пехар

Photo: Asian Handball Federation

Екипата на Бурган од Кувајт е новиот првак на Азија, откако во финалето на Азискиот шампионат го совлада тимот на Ал Калеј од Саудиска Арабија (36-34).
Јапонецот Косуке Јасухира одново беше клучниот играч на Бурган, овој пат со девет гола и заслужено на крајот ја понесе и титулата МВП на шампионатот. Голема помош во финалето имаше од новото засилување, египетскиот ас Хасан Кадах кој дојде од Веспрем и беше стрелец на осум гола. Второто место е за Ал Калеј каде што играа Димитро Хориха и довчерашниот голман на ГРК Охрид, Кристијан Пилиповиќ.

Поврзани вести