Се разделија Данило Брестовац и Ал Араби

Данило Брестовац од денеска веќе не е тренер на катарскиот клуб Ал Араби. По две успешни сезони во кои освои шест трофеи вклучувајќи и последниот шампионски од неодамна завршената сезона дојде и денот за разделба.
Крајот на оваа блиско источна авантура за еден од најдобрите македонски тренери беше Азискиот шампионат кој е пандан на Лигата на шампионите. Среќата не беше на страната на екипата на Данило Брестовац и одиграа три нерешени натпревари во кои примаа гол буквално во последната секунда и не обезбедија пласман во полуфиналето, иако освоија пет бода и исто колку и полуфиналистот Ал Кувајт кој беше најдобар меѓу трите екипи со ист број на бодови.
Со овој настап беше спуштена завесата во сезоната и подвлечена линија, по која Данило Брестовац и Ал Араби ќе тргнат секој по својот пат.

Поврзани вести