Скјерн доби играчки џек пот

Photo: Skjern Haandbold

Македонската публика минатата сезона имаше шанса да се запознае со една од најголемите млади ѕвезди на светскиот ракомет. Тоа е 21 годишниот шведски бек Аксел Мансон, играч на Кристијанштат. Овој ракометар постигна 98 гола во ЕХФ Европската лига и беше најдобриот стрелец оставајќи зад себе имиња како Марко Гргиќ, Јоханес Гола, Один Тор Рикардсон...
Особено му се погодија дуелите со Вардар 1961, па на македонскиот тим му даде 13 гола на мечот во Шведска и девет на дуелот во Скопје. И тоа не беше неговиот рекорд во сезоната, туку на освојувачот на Лигата, Мелсунген му даде 15 гола кога гостуваа во Шведска.
Бројни клубови се заинтересираа, но Менсон го одбра данскиот Хој Елит, каде што дојдоа Ласе Андерсон од Берлин и Јаник Грин од ПСЖ. Но, за разлика од споменатиот двоец, Менсон не сака да игра во Втора лига на Данска. Тоа беше сигнал за неколку екипи одново да ги активираат понудите, а информациите од скандинавските медиуми велат дека Менсон сепак ќе игра во Данска следната сезона, но не во Хој Елит, туку во екипата на Скјерн каде наводно веќе ги минал лекарските прегледи.


 

Поврзани вести