Кузмановски останува во Е. Пелистер!

Екипата на Еурофарм Пелистер заврши уште една голема работа и во наредната сезона ќе може да смета на услугите на својот најдобар ракометар, Филип Кузмановски.
Неговиот статус во клубот беше едно од горливите нерешени многу важни прашања. По завршувањето на сезоната замина на кратка авантура на Блискиот исток, играше за екипата на Ал Кувајт на Азискиот шампионат што се одржуваше минатите две недели во Кувајт. Два дена откако заврши тоа првенство, клубот објави дека Филип Кузмановски останува во Битола.
Така Филип Кузмановски по вторпат во кариерата ќе соработува со Лино Червар. Претходно хрватскиот стратег му беше тренер во деновите кога двајцата беа дел од екипата на Металург.

Поврзани вести