Екипата на Нант е најзвучното име меѓу противниците на Вардар 1961 во групата „Б“ во Лигата на шампионите следната сезона. Оваа француска екипа првенството го заврши на второто место, зад ПСЖ, а пред Монпеље. Но, Нант има подобри европски резултати и од ПСЖ и од Монпеље во последните три сезони, па затоа според новиот начин на рангирање на екипите, тие беа во првиот шешир како најдобро рангирана француска екипа.
Нант е во период на голема транзиција. Летово го испратија својот најдобар играч, Омерик Мин за Флензбург, а на неговото место доаѓа данскиот плејмејкер Виктор Норлик за кого скандинавците се полни со пофалби. Тој играше за не многу познатиот Морс Ту и ќе видиме како ќе изгледа во новиот клуб. Но, дека веднаш ќе успее да го замени Омерик Мин – нема и на оваа позиција сметаме дека се послаби.
Нант го испрати и Жилиен Бос кој заедно со хрватскиот бек Кларица ќе треба да го заменат Алекс Душебаев во Келце. Нивниот нов десен бек е Имањол Гаријандија кој успешно играше за Пик Сегед. На позицијата лев бек го носат украинскиот бек Игор Турченко, кој заедно со Тибо Брие ќе бидат артилеријата на Нант. Јапонецот Јошида доаѓа во Охрид и ќе биде заменет со многу подобар пивот, Рене Антонсен од Алборг.
Кариерата ја заврши Валеро Ривера и ќе биде заменет со Словенецот Лука Периќ.
Данскиот голман Кристофер Бонде ќе го замени Игнасио Биоска и тоа е еден од многу битните трансфери во тимот. Но, да не заборавиме дека го имаат и Хрватот Иван Пешиќ на голманската позиција.
Од попознати имиња што остануваат во клубот, покрај Иван Пешиќ и Тибо Брие ќе ги споменеме и швајцарското крило Лео Ноам, шпанските ракометари Каулди Одризола и Јан Тарафета, Словенците Матеј Габер и Рок Овничек, некогашниот голем талент Роман Лагард итн.
Нант е можеби најсилниот тим во групата, но промената на пет ракометари од кои двајца клучни, може да биде пресудна во даден момент.
ДОЈДОА:
Виктор Норлик (среден бек, Морс Ту)
Игор Турченко (лев бек, Лимож)
Рене Антонсен (пивот, Алборг)
Имањол Гарсијандиа (десен бек Пик Сегед)
Лука Периќ (десно крило, Целје)
Кристофер Бонде (голман, Скјерн)
ЗАМИНАА:
Омерик Мин (среден бек, Флензбург)
Жилиен Бос (десен бек, Келце)
Игнасио Биоска (голман, Гумерзбах)
Шуичи Јошида (пикер, ГРК Охрид)
Тео Авеланж (десно крило, Тромбле)
Поврзани вести