ЕХФ РАНКИНГ: Како котираат Е. Пелистер, Алкалоид, Вардар и Охрид?

Европската ракометна федрација го објави првиот поединечен клупски ранкинг на екипите што учествуваат во Европските натпревари. Овој ранкинг се прави врз основ на резултатите на екипите што се постигнати во нивните европски натпревари и ќе одлучува за нивната позиција кога ќе се одредуваат носителите за ждрепките во соодветните европски натпреварувања, со исклучок на ЕХФ Европскиот Куп. Овој клупски ранкинг не одлучува за правото за настап, тоа ќе се спроведува според пласманот во националните првенства.

Најдоброрангиран македонски клуб е Еурофарм Пелистер со освоени 92 бода. Битолчани се наоѓаат на 28 место на големата ранг листа на која се наоѓаат вкупно 187 екипи.
Втор македонски клуб на оваа листа е екипата на Алкалоид која има 89 бода и се наоѓа на 31 место.
Веднаш позади Алкалоид, на 32 место е екипата на Вардар 1961 со освоени 87 бода.
Екипата на ГРК Охрид е на 36 место со 84 освоени бодови.
Потоа следи голема разлика, на следен далеку назад на 117 место е ГРК Тиквеш со 17 бода и последната од македонските е екипата на Бутел Скопје која е на 173 место со само три бода.

На врвот на оваа листа која се прави така што се сумираат бодови од последните три сезони е екипата на Барса со 650 бода, пред Магдебург (551), Фуксе Берлин (509) и Алборг (461)...






Поврзани вести