Висла најде замена за Бергеруд

Photo: International Handball Federation / IHF

Полскиот вицешампион Висла Плоцк најверојатно најде замена за норвешкиот голман Торбјорн Бергеруд. Тоа ќе биде Миљан Вујовиќ, црногорски голман кој има и словенечко државјанство. Миљан Вујовиќ требаше да се пресели во Слован, но очигледно работите веќе се движат во друга насока. Тој последните четири години беше голман на Штутгарт.
Торбјорн Бергеруд една година пред истекот на договорот со Висла ќе оди во Данска, во екипата на Фредериција каде замена за Себастијан Франдсен кој пак ќе оди во Бјерингбро Силкеборг. Очекувањата на Полјаците од Бергеруд беа поголеми отколку што добија за возврат и тоа сигурно одигра улога кога стигна понудата од Фредериција.
Екипата на Висла Плоцк е противник на Вардар 1961 во групната фаза од Лигата на шампионите. 


 

Поврзани вести