Борец со само девет играчи, мечот не се одигра

Екипата на Борец Фруитленд од Велес, денеска на полуфиналниот меч од Куп на Македонија против Е. Пелистер 2, допатува со девет ракометари.
Тоа е под минимумот за да може да се одигра натпревари и мечот беше откажан. Е. Пелистер 2 се пласираше во финалето каде што денеска ќе игра со Вардар. Црвено-црните со доста вложен труд го совладаа Бутел Скопје (33-30) во полуфиналето. 

За Борец проблемите допрва почнуваат затоа што неоправдано неодигран натпревар во Куп на Македонија носи сериозни казни. Преселба во понизок ранг е сценариото што му се заканува на велешкиот состав. 

Поврзани вести