Пешевски: Нашето искуство ќе биде пресудно

Репрезентативниот пикер, Жарко Пешевски, очекува пласман на Македонија на Европското првенство. Два чекора има до ЕП, но работата не е завршена и сериозност и вистински пристап кон овие два меча се меѓу клучните елементи за продолжување на традицијата на настапи на големите натпреварувања.

„Ни следат два важни натпревари на кои со две победи може да ни донесат големо првенство. Ни претстојат Естонија и Литванија, со квалитетот и искуството што го имаме, на крајот би требало да биде пресудно за позитивен резултат за двата натпревари. Секако дека од нас се очекуваат победи, знаеме Естонија што го одигра последниот меч со Литванија дека беше добар. Првиот меѓусебен меч со Естонците понуди голови. Се надевам дека следните денови ќе ги искористиме добро да се подготвиме. Спортски е да одиме чекор по чекор, прво сакаме да имаме добар резултат со Естонците, а потоа во Скопје, пред полна сала, мислам дека Литванците нема што да бараат“, изјави Пешевски.

Поврзани вести