Photo: Filip Viranovski
Квалификациите за Европското првенство завршија денеска со тоа што сите натпревари почнаа истовремено. Сеедно, циклусот заврши и познати се сите 24 репрезентации што ќе настапат на ЕХФ Еуро што во јануари ќе се игра во Шведска, Данска и Норвешка.
Системот според кој ЕХФ досега ги одредуваше шеширите не е најавено дека е променет, па според досегашната формула самите ги составивме шеширите пред ждрепката за ЕП.
Во пресрет на ждрепката ќе бидат формирани четири шешири со по шест екипи, за потоа екипите да бидат поделени во шест групи со по четири репрезентации. Македонија ќе биде во третиот шешир.
РАНГИРАЊЕ ПРЕД ЖДРЕПКА
1 Шешир: Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Словенија
2 Шешир: Норвешка, Португалија, Исланд, Хрватска, Шпанија, Ф. Острови
3 Шешир: Австрија, Холандија, Ц. Гора, Чешка, Полска, Македонија
4 Шешир: Грузија, Србија, Швајцарија, Италија, Романија, Украина