Photo: SG Ratingen/Interaktiv
Inside photo: SGSH Dragons
Поранешниот македонски репрезентативец и еден од најпрепознатливите ликови во македонскиот ракомет, Аце Јоновски, следната сезона ќе ја рстартира тренерската кариера и одново ќе биде тренер во Германија.
По неколкугодиѓното искуство во екипата на Интерактив, Аце Јоновски ќе биде прв тренер во вториот тим на екипата на СГСХ Драгонс, клуб што се натпреварува во третата Бундеслига, а воедно ќе биде и асистент тренер во првиот тим.
„Со нетпрение го очекувам новиот предизвик во Драгон. Ова ќе биде убава можност да го проследам моето искуство и знаење на следната генерација на играчи. Убеден сум дека заедно можеме да постигнеме многу.
Помошник на Аце Јоновски ќе биде поранешниот романски ракометар Богдан Крикотиу со кого играа заедно во бундслигашкиот тим Бергишер.
„Со Крикотиу игравме заедно во Бергишер и сме добри пријатели. Времето што е пред нас ќе го искористиме за темелно да се подготвите и прилагодиме кон новите обврски“, изјави Аце Јоновски.