Петриќ облече дрес на ГРК Охрид

Photo: GRK Ohrid

Официјализиран е најавениот трансфер на српскиот бек Стефан Петриќ од редовите на скопски Вардар 1961 во тимот на ГРК Охрид. 
Охрид викендов организираше Ф4 турнир во Куп на Македонија, каде што домашната публика имаше можност да го види своето ново засилување. Петриќ ќе ја носи одговорноста на левата бековска позиција, а подоцна во текот на следната сезона ќе му се приклучи и Темураз Орјоникидѕе кој се рехабилитира по операцијата на лигаментите. 


24 годишниот лев бек (197cm) по две години поминати во тимот на РК Вардар 1961 потпиша за "Гладијаторите" за сезоната 2025/2026. Петриќ пред да направи трансфер во Македонија, беше лидер на својот Партизан, а има настапи за сите младински категории за репрезентацијата на Србија.
Добредојде #33 "Бели" Стефан Петриќ - објави екипата на ГРК Охрид на својот ФБ профил


Поврзани вести