За младинците следен е Исланд, па Президент Куп

Photo: IHF/ Kolektiff

Македонската У21 репрезентација денеска има ден одмор, па потоа ќе игра против репрезентацијата на Исланд во последното коло од првата фаза, а следните противници ќе и бидат екипите три и четири од групата „Е“, а тоа се Мексико и Мароко.

Нашиот следен противник, во теорија сѐ уште има шанса за главната рунда, но за таа цел мора да ја совлада Македонија, Романија да ги победи Ф. Острови и во гол разлката да анулира -9 колку што е нивниот сооднос со Ф. Острови во моментов.
Македонија, шансата да настапи во Главната рунда ја пропушти со поразите од Ф. Острови и Романија.

Добрата вест од таборот на селекторот Раде Стојановиќ е дека Димитар Узунчев не е сериозно повреден и би требало да може да настапи на следните натпревари.

Настапот на СП У21, кој за најголем дел од овие ракометари е последен во младинските категории, ќе биде резултатски под очекувањата. За утеха, примарната цел на овие натпреварувања, сепак е формирање на играчи меѓудругото и за сениорскиот тим, па овие натпревари би требало да бидат добри лекции за нив пред целосно да запливаат во сениорските води.

 

Поврзани вести