Пасквал е новиот селектор на Египет

Photo: Egyptian Handball Federation 

Шпанскиот стратег Хавиер Пасквал е назначен за нов селектор на машката сениорска репрезентација на Египет. Тој доаѓа на местото на Хуан Карлос Пастор и би требало да остане на функцијата до следните Олимписки игри.

Долго време се шпекулираше и заговараше овој трансфер за конечно да го добие епилогот. Пасквал останува на кормилото на Веспрем на клупски план. Таму дојде во 2024, но следната сезона ќе има четири врвни египетски репрезентативци во составот. Таму се бековите Ахмед Хешам, Али Зеин, Јахија Елдера и пикерот Ахмед Адел, па двојната улога нема да има посебни последици по египетскиот состав.

Поврзани вести