Photo: IHF/Kolektiff
Словенечкиот играч на генерацијата, 17 годишниот Аљуш Анжиќ одеднаш се најде во центар на внимание на целата ракометна фела која што го следеше У21 Светското првенство во Полска.
Иако доста помлад од своите соиграчи и ривали, Анжиќ демонстрираше потенцијал што веднаш го стави во бележниците на скаутите и менаџерите.
Прв, сепак, реагираше неговиот актуелен клуб Целје Пивоварна Лашко. Веднаш по враќањето на репрезентацијата од Полска, Целје го трансферира во првиот тим и потпиша прв професионален договор со Анжиќ и ќе го задржи најмалку до 2028 година.