Прва средба на РФМ со Хасан Мустафа во ИХФ

Фото: РФМ 

Претставници од највисоките функции од Ракометната федерација на Македонија беа гости во Базел, во седиштето на Светската ракометна федерација каде што имаа средба со претседателот Хасан Мустафа.

Оваа средба беше официјало запознавење и претставување на новото ракомводство на РФМ во Светската федерација (ИХФ). Од македонска страна беа претставени и намерите и проектите на РФМ за развој на ракометот и воспоставен е првиот линк со светската ракометна куќа.
Македонија е заинтересирана за организација на Светски првенства во младинските категории и постои добра шанса за две години одново да видиме мундијал во Скопје.

Поврзани вести