Е. Пелистер го ангажираше Ник Хенигман

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Екипата на Е. Пелистер почна до долгоочекуваното финално склопување на ростерот со кој следната сезона ќе ја брани шампионската титула во Суперлигата и ќе ја претставува Македонија во Лигата на шампионите.

Е. Пелистер се одлучи да ја пополни левата бековска позиција со словенечкиот репрезентативец Ник Хенигман (29). Ракометар со богато искуство и околу 100 настапи за репрезентацијата на Словенија. Тој е играч што игра во два правца, дури и дефанзивната страна му е посилна, а тоа е точно тоа што му треба на тимот каде што офанзивната улога, секако, ќе ја има Филип Кузмановски.
Тој нема да биде последно засилување, клубот сѐ уште не го комплетирал голманското трио по заминувањето на Филип Ивиќ, а има и уште неодговорени прашања, првенствено поврзани со Цехте и веројатно најважното, а тоа е позицијата тренер од каде се очекува да замине Раул Алонсо кој има понуда од Лајпциг, кој наводно е спремен да плати и отштета.

Поврзани вести