Кој е најголемиот ракометен клуб во светот?

Photo: IK Savehof

Немаат победа во Лигата на шампионите, напротив, најголемиот успех им е победа во Челинџ Куп во 2014 година. Машкиот колектив, не е ниту меѓу најдобрите три во својата држава по бројот на пехари. Но, по една работа во светот се број 1.
Шведскиот ИК Севехоф (Idrottsklubben Sävehof) е најголемиот клуб, најголемиот ракометен колектив во светот.
Севехоф под своја капа има 135 екипи во систем на натпреварување кои ги водат 280 тренери и вкупно над 1700 ракометари во својот погон.

Имаат 105 екипи за млади ракометари од 8-19 години, 10 ракометни школи за играчи до седум години, ракометна гимназија со 70 студенти.
1500 ракометари имаат активност најмалку еднаш неделно, а 250 тренери и тимски лидери ги водат овие младински школи.

Организатори се на најголемиот турнир во светот – Партиле Куп.
На своето лого во 2021 година додадоа две ѕвездички што комбинирано значат 20 титули на нивниот машки и женски клуб. Женскиот е далеку поуспешен, има 17 вкупно, а машкиот 8 шампионски пехари. Но, со додадени 35 пехари на нивните млади екипи или вкупно 60 пехари, прават категорија со која се најуспешниот ракометен колектив во Шведска.













 

Поврзани вести