Веспрем плаќа 1.000.000 евра?

Photo: IHF/Kolektiff

Унгарскиот првак Веспрем во обид да стигне до првата шампионска титула во ЛШ, постојано го зголемува буџетот и веројатно е блиску до бројките со кои располага уште еден клуб кој нема триумф во ЛШ – Пари Сен Жермен.

Веспрем можеби не е најбогатиот, но веројатно троши најмногу пари на трансфери, што наводно е спремен да го демонстрира и во преговорите што ги води со екипата на Рајн Некар Ловен.
Преговорите во јавност протекоа уште во февруари, а унгарскиот првак сака веднаш да ги ангажира хрватскиот бек Иван Мартиновиќ и шведскиот голман Микаел Апелгрин.
Отштетата неофицијално е 1.000.000 евра.

Овие трансфери би можеле да бидат реализирани, затоа што РНЛ веќе има спремно замена за Иван Мартиновиќ, а тоа е Јакоб Ласен од Хамбург кој исто така има договор до 2026.
Што се однесува до голманската позиција, Веспрем наводно понудил голманска размена со тоа што данскиот голман Мике Јенсен би преминал во редовите на тимот на РНЛ.

Поврзани вести