Фото: РФМ
МАКЕДОНИЈА - ПОЛСКА 18-28 (8-11)
Македонија: Трпеска 4, Миленкоска 3, Беровиќ 3, Котевска 3, Конеска 2, Дамјановска 1, Тодоровска 1, Ристиќ 1, Кралева, Лашкоска, Максимовска, Блажеска, Хасаноска, Наумоска.
Откако на првиот натпревар од групната фаза беше поразена со 17 гола разлика од соодветната селекција на Унгарија, денеска македонската кадетска У19 репрезентација загуби двоцифрено и од репрезентацијата на Полска (18-28).
Овие два пораза сосема извесно ќе ја сместат Македонија на последното место во групата и поотоа ќе го продолжи натпреварувњето во разигрувањето за пласман.
Утре е слободен ден за ракометарките на Македонија, а во последното коло од групната фаза ќе играме против тимот на Чешка. Оваа екипа во првото коло ја совлада Полска со шест гола разлика, па логично нема да очекуваме позитивен скор ниту во третото коло.
Поврзани вести