Французин доаѓа во Е. Пелистер 2

Photo: RK Eurofarm Pelister 

Повратникот во Суперлигата, екипата на Еурофарм Пелистер 2 носи француски ракометар на позицијата десен бек во тимот. Батист Одифред, 26 годипен играч кој има настапувано за екипите на Дижон и Безнсон, потоа во Ред Бојс од Луксембург и Даидо Стил од Јапонија ќе ја пополни десната бековска позиција во тимот и ќе ги подобри шансите на втората битолска екипа да игра поважна улога во првенството, односно да биде конкурентна во трката за место во Плејот разигрувањето.

Поврзани вести