Дејвис остана во АЕК, стигна замена за Ивиќ во Нови Сад...

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Екипата на Војводина на местото на избрканиот хрватски голман Филип Ивиќ го ангажираше белорускиот голман Вјачеслав Салдаценка. Белорускиот репрезентативец има 31 година, а последните три сезони бранеше во Швајцарија, во екипата на Амицитија Цирих.

Прошталната забава што Ракометната федерација на Норвешка ја оранизираше за екс селекторот Торир Хергеирсон и поранешниот претседател Каре Лио предизвика многу реакции меѓу клубовите, откако беше откриено колку пари чинел целиот настан.

Сумирано, пејачи, водители, скап шампањ и друг алкохол, изнајмување на хотел и слични трошоци распредени низ три дена чинеле околу 195.000 евра.

Поранешниот ракометар на Е. Пелистер, Португалецот Вилсон Дејвис останува во екипата на АЕК и следната сезона. Тој се договори за продолжување на договорот исто како и германскиот пивот Ерик Шмит и гранцускиот голман Јан Женти. Нови играчи на АЕК се поранешниот германски репрезентативец Јулиус Кун и египетски пелјмејкер Омар Салем.

Екипата на Хој од Данска со посебна гордост објави дека од 1 јули, пордилно отстуво ќе можат да користат и играчите од машкиот тим.

 

Поврзани вести