Трансфери: Итуриза си оди од Порто, Николиќ од Војводина...

Photo: AEK Handball

Поранешниот ракометар на ПСЖ, Дилан Гара потпиша нов договор со грчкиот тим АЕК. Французинот стана дел од долгата листа на ракометари што решија да останат во Атина и покрај суспензијата на нивниот клуб од европските натпреварувања. Освен Гара, договорите ги продолжија и германскиот пивот Ерик Шмир, францускиот голман Јан Женти, португалскиот бек Вилсон Дејвис и неколку грчки ракометари.

Кубанскиот пивот Виктор Итуриза која настапува под португалско знаме, по десет години минати во екипата на Порто заминува од Португалија и следната сезона ќе игра за екипата на Кувајт.

Хрватскиот бек Иван Слишковиќ беше на радарот и на македонска екипа летово, но тој трансфер не влезе во посериозна фаза и нема ни да биде повеќе опција. Слишковиќ потпиша продолжување на договорот со грчкиот тим Олимпијакос.

Анхел Хернандез, кубанскиот леворак бек направи трансфер од екипата на Кувајт во екипата на Ал Ахли од С. Арабија.

Грузискиот бек Гјорги Дикаминџија, ракометар кој своевремено играше и во Македонија, по втор пат во кариерата ќе игра на Исланд. Грузиецот потпиша за екипата на Акурери.

Јовица Николиќ, десниот бек на Војводина е нов соиграч на Манадлиниќ и Јасихура во екипата на Бурган од Кувајт.

Поврзани вести