Трет висок пораз на младинките на ЕП

Фото: РФМ

МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 24-41 (10-18)
Миленковска 5, Тодоровска 4 - Крапкова 10, Боборовска 5


Јуниорската репрезентација на Македонија има слаб настап на ЕХФ Еуро и денеска го запиша и третиот двоцифрен пораз во првата фаза од натпреварувањето.
По поразите на дуелите со репрезентациите на Унгарија и Полска, македонските јуниорки денеска беа поразени и од репрезентацијата на Чешка и завршија на последното место во групата.

Македонија ќе продолжи да се натпреварува во дуелите за пласман, заедно репрезентациите што во групите завршиле на третото или четвртото место, па можеби во таа конкуренција ќе имаме и повеќе шанси за подобар резултат.

Поврзани вести