ФОТО: ГРК ОХРИД
Во вторник на 15 јули ќе биде извршена големата ждрепка во Европските купови која ги опфаќа првите две кола во ЕХФ Европскиот Куп и квалификациската ждрепка во ЕХФ Европската лига.
Македонија ќе има пет претставника во овие две натпреварувања, четири од нив во вторник ќе ги добијат првите противници.
Благодарение на Алкалоид кој минатата сезона го освои пехарот во ЕХФ Куп, а годинава ќе игра во ЕХФ Европската лига, екипата на ГРК Охрид добива привилегија што и самиот Алкалоид лани ја немаше – да биде сместен во првиот шешир.
ГРК Охрид ќе стартува од позицијата број 5, а во овој Куп се игра со преземање на местата, па така македонскиот претставник заклучно со 1/4 финалето ќе ги избегнува во ждрепката првите осум екипи. А таму според рејтингот се Војводина, Тримо, Олимпијакос и (нај)опасниот - Рунар.
Ова е можеби клучниот момент за добра европска сезона за охриѓани кои составија тим што на хартија е многу силен и ако добро се вклопат, зошто пехарот од ЕХФ Куп да не остане во Македонија подолго од една сезона?
Пататот ќе им биде „миниран“ со разни предизвици од кои позвучни се Целје, Нербо, Металопластика, Маргаретен...
ГРК ОХРИД:
Металопластика (Срб),
ГРК Тиквеш (МКД), Нербо (Нор), Целје Пивоварна (Сло), Коњух (БиХ), Брно (Чеш), Касано (Ита), Тирол (Аут), Нилуфер (Тур), ЕУ Кипрус (Кип), Вилјанди (Ест), Макаби (Изр), Кастриоти (Кос), ИФ (Фар), Берхем (Лук), Будванска Ривијера (Мне), Баки (Азе), Свиеса (Лит), Монте Драма (Грц), Динамо Панчево (Срб), Леотар (БиХ), Сиракуза (Ита), Маргаретен (Аут) + девет победници од првото квалификациско коло.