Што ги чека во Европа: ГРК ТИКВЕШ

ФОТО:  РК Алкалоид/Филип Вирановски

Во вторник на 15 јули ќе биде извршена големата ждрепка во Европските купови која ги опфаќа првите две кола во ЕХФ Европскиот Куп и квалификациската ждрепка во ЕХФ Европската лига.
Македонија ќе има пет претставника во овие две натпреварувања, четири од нив во вторник ќе ги добијат првите противници.


Вистинското прашање е не какви се шансите на ГРК Тиквеш во Европа, туку што воопшто се случува со ГРК Тиквеш?
Кавадаречкиот тим невообичеано и за него и за секоја поамбициозна екипа воопшто не е активен. За нив слушаме само кога некој играч заминува, а заминаа клучни ракометари и нема ништо ново да се пофалат со ангажман на играчи. Оттука и нивните шанси за Европа се длабоко во маглата. Ако состават конкурентен тим со многу среќа во ждрепката можеби ќе имаат и добра европска сезона.
Идеално за сценарио подолго од еден чекор за кавадарчани, а во тој контекст и Бутел Скопје доколку го мине првото коло се две екипи. Конверзано од Италија и финскиот БК-46. Така не само што би имале добри шанси да се пласираат во третото коло туку и би го преземале од нив ранкингот и во следната ждрепка би биле во првиот шешир.
Но, уште поубаво за добар старт би била на пример екипите од Велика Британија и Луксембург или можеби Ќур од Азербејџан, потоа белгискиот Бохолт...

ГРК ТИКВЕШ
Партизан/Бањик, Олимпијакос (Грц), Хафнарфјордур (Исл), Војводина (Срб), ГРК Охрид (МКД), Рунар (Нор), Бузау (Ром), Тримо (Сло), Извиѓач (БиХ), Татабања (Унг), Дукла (Чеш), Бистрица (Свк), Конверзано (Ита), Кремс (Аут), Бк-46 (Фин), Бешикташ (Тур), Арау (Шва), Анортозис (Кип), Бохолт (Бел) Полва Сервити (Ест), Мотор (Укр), Холон (Изр), Раховец (Кос), Волендам (Хол), Х71 (Фар), Ред Бојс (Лук), Ловќен (Мне), Ќур (Азе), Клаипеда (Лит), Добеле (Лет), Оксфорд (ГБР), Диомидис (Грц)

Поврзани вести