ФОТО: РК Алкалоид/Филип Вирановски
Алкалоид го доби противникот во квалификациите за ЕХФ Европската лига
РК Алкалоид европската сезона во Скопје, ќе ја почне со подигнување на шампионскиот пехар од ЕХФ Европскиот Куп. Тоа ќе биде на дуел со екипата на Хановер Бургдорф која е противникот на Алкалоид во квалификациите за пласман во групната фаза на ЕХФ Европската лига.
Бундеслигашот беше најтешкиот можен противник во квалификациите.
Првиот натпревар ќе се игра на 30/31 август, а реванш натпреварот ќе биде закажан на 6/7 септември.