Хановер го закажа дуелот со Алкалоид

Фото: РК Алкалоид / Филип Вирановски

Германскиот противник на РК Алкалоид, Хановер Бургдорф го закажа натпреварот со македонскиот тим во квалификациите за ЕХФ Европската лига.
Натпреварот ќе се игра на 31 август (недела) во 17:00 часот, во помалата сала, „Свис Лајф Хол“ која има капацитет за околу 4.500 гледачи.
Хановер денеска ги почна подготовките за новата сезона, а во пресрет на натпреварот со Алкалоид ќе одигра првенствени натпревари од Бундеслигата со екипата на Гумерзбах на гостински терен на 28 август, а меѓу двата натпревари со Алкалоид ќе игра меч со Хамбург на домашен терен на 3 септември. Натпреварите од третото и четвртото коло, со Кил и со Флензбург се презакажани за средината на септември.

Поврзани вести