Четири мега трансфери во Веспрем!

Photo: Telekom Veszprem

Унгарскиот шампион Телеком Веспрем денеска ги официјализираше милионските трансфери во својот тим и во новиот обид да ја освои Лигата на шампионите тргнува со два големи засилувања од РНЛ. Покрај тоа ги официјализираше и транферите на уште две многу познати имиња.

Хрватскиот десен бек Иван Мартиновиќ и шведскиот голман Михаел Апелгирин доаѓаат во Веспрем од редовите на Рајн Некар Ловен во трансфер кој инволвира и сума од 980.000 евра. Со оглед на тоа дека во спротивен правец заминаа Лукас Сандер и Мике Јенсен, оваа сума можеби е и значително помала. А можеби и не е. 

Од редовите на Барса, следната сезона во Веспрем ќе дојде голманот Емил Нилсен, во моментов можеби најдобриот светски голман. 
Од редовите на Флензбург, следната сезона во Веспрем ќе дојде пикерот Лукас Јоргенсен, повеќекратен МВП во изборите за најдобар пивот.  



 

Поврзани вести