Photo: AEK
Суспензијата од ЕХФ не само што не го извади од колосек грчкиот тим АЕК, туку веќе составија тим што е посериозен во изборот на играчи од минатата сезона.
АЕК потпиша продолжување на договори со неколку битни играчи меѓу кои германскиот пивот Ерик Шмит, Португалецот Вилсон Дејвис, француските ракометари Дилан Гара, Адама Кеита и Јан Женти, доведе екс германски репрезентативец (Јулиус Кун), португалски тренер и асистент, плејмејкер од Египет, а денеска се пофали и со втор германски пивот.
Тоа е поранешниот пивот на Гумерзбах, а подоцна на Хам Вестфален – Јонас Стубер.
АЕК доведе и уште еден голман, па покрај Јан Женти и Дан Тепер, сега ќе го има на располагање и Гретор Гудјонсон од Исланд.