Олимпијакос со италијански шмек

Photo: Olympiacos SF

Ангажманот на италијанскиот тренер Рикардо Трилини со кого ја преземаа шампионската титула од екипата на АЕК, донесе нови моменти во екипата на Олимпијакос, еден од главните претенденти за пехарот во ЕХФ Европскиот Куп каде што се натпреваруваат три македонски екипи и каде што актуелен првак е македонскиот Алкалоид.

Трилини сезонава донесе двајца ракометари од „чизмата“. Тоа се леворакиот Лучиано Скарамели и Томас Валентин Кањете, аргентинскиот бек со италијански пасош кого имавме можност да го видиме на дуелите со Алкалоид во април годинава кога во Топ 16 македонскиот тим ги одмеруваше силите со италијанскиот тим ССВ Бриксен.

Поврзани вести