Марко Копљар во тренерски води

Photo: © Marie-Lan Nguyen / Wikimedia Commons / CC-BY 2.5

Познатиот хрватски ракометар Марко Копљар, сезонава ја заврши играчката кариера во дресот на екипата на Флензбург каде што дојде во 2024 откако седум години настапуваше за екипата на Фуксе Берлин, а претходно за Веспрем, Барса и ПСЖ.
Марко Копљар останува во ракомет и останува во Германија. Почнува тренерска кариера во екипата на Потсдам каде што минатата сезона настапуваше македонскиот репрезентативец Мартин Томовски.

Потсдам испадна во втората лига и тоа донесе бран на промени во клубот, а како дел од тие промени доаѓа и Марко Копљар кој на 39 години ќе му асистира на тренерот Емир Куртагиќ кој ја преживеа преселбата во понискиот ранг и останува на кормилото на Потсдам.
 

Поврзани вести