Иранскиот нинџа блиску до Е. Пелистер

Фото: Маја Настиќ/ РК Партизан

Иранскиот голман Сеид Хеидарирад е блиску до потпис со екипата на Е. Пелистер. Договорот можеби е веќе и склопен, но додека нема официјална потврда од битолскиот клуб, белградски Партизан или од самиот голман, информацијата е неформална.

Сеид Хеидрарад беше еден од клучните ракометари на Партизан во минатата сезона и успешно комплетираната мисија за освојување на шампионската титула по 13 години пауза.
Хеидарирад дојде до редовите на Динамо Букурешт и беше играч што прави разлика на теренот. Партизан ја комплетираше успешно сезоната, а во предодниот рок го врати во своите редови голманот Андреј Трнавац.
Српскиот голман сигурно немаше да биде втора опција, а Хеидарирад едноставно беше премногу скап за да биде втор голман и воопшто за да биде во тимот, па одамна се шпекулираше дека иранскиот „нинџа“ ќе биде на трансфер листа.

Околу Е. Пелистер откаде замина Филип Ивиќ се зборуваше за Мике Јенсен (Веспрем), враќање на Карим Хендави и други помалку звучни и верни опции, а Хеидарирад некако добро се вклопуваше во целата приказна и како профил и како изводлива опција.

Хеидарирад е Иранец, но има романско државјанство и своевремено беше планиран за настап за романската репрезентација, заедно со Анте Кудуз. Но, променат на селекторот ја промени и политиката кон наурализираните игрчаи, па Хеидарирад остана вон репрезентативниот строј.



 

Поврзани вести