Актуелно

Алкалоид ја крена завесата на новата сезона

Фото: РК Алкалоид / Филип Вирановски

РК Алкалоид е првата македонска екипа која ги почна подготовките за претстојната сезона. Актуелниот победник на ЕХФ Европскиот куп годинава ќе биде и првиот што ќе игра европски меч, сезоната ќе почне на 31 август на гостински дуел кај бундеслигашот ТСВ Хановер Бургдорф, а првиот европски меч на домашен терен ќе го игра седум дена подоцна.
На првиот собир, беа присутни сите ракометари и членови на стручниот тим на кои им се обрати и генералниот директор / претседател на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, г. Живко Мукаетов и им посака среќа и успех во претстојната сезона.



Тренерот Кирил Лазаров во новата сезонаќе има на располагање 23 ракометари. На денешниот прв собир беа присутни сите, со тоа што Марко Митев и Никола Костески сѐ уште се во фаза на рехабиллитација и тие ќе тренираат со посебен режим и се очекува на тмот на му се приклучат во текот на есенската полусезона.

Подготовките на Алкалоид ќе се одвиваат во три етапи. Првата е загревачката во Скопје, следниот понеделник екипата ќе оди на десетдневни подготовки на Маврово, а потоа следува мини турнеја во Србија и Хрватска на која се предвидени осум контролни натпревари со екипи од Србија, Хрватска и Словенија.
 

Поврзани вести