Алкалоид го промовираше засилувањето од Исланд

Фото: РК Алкалоид/Филип Вирановски

Екипата на Алкалоид ги направи и последните играчки промени во пресрет на денешниот старт на подготовките за претстојната сезона.
Во екипата има уште едно ново име, тоа е исландското лево крило Улфар Пал Монси Тордарсон. Тој доаѓа од екипата на Валур, а претходно има настапувано и за тимот на Стјарнан и на клубот Афтурелдинг. Трансферот во Алкалоид е прв меѓународен предизвик за 25 годишниот исландски ракометар. Скопје му е познато, минатата сезона со екипата на Валур играше во групната фаза на дуелите со Вардар и постигна 11 гола на домашен терен против црвено-црните и три погодоци на дуелот во „Јане Сандански“.

Тордарсон стана осмиот нов играч на Алкалоид откако претходно беа промовирани Ненад Костески, Емилијан Ѓорговски, Михаил Аларов, Урош Борзаш, Давид Трајкоски, Ѓорѓи Николовски и повратниот Михаил Иваноски.



Откако од клубот заминаа Благојче Трајкоски, Франциско Силва и Давид Савревски, од екипата заминуваат уште тројца ракометари. Тоа се француското крило Арно Бинго, потоа левиот бек Михајло Младеновиќ и пикерот Костадин Петров кој е трансфериран во екипата на Мулти Есенс. Петров е сѐ уште во фаза на рехабилитација, но во вториот дел од сезоната би требало да биде повторно на терен.

Поврзани вести