Трансфери на Вајлупов, Малашинскас, бојкот од соиграчи во Виборг...

Photo: CSM Vaslui

Како што се очекуваше, белоруското крило Микита Вајлупов откако замина од Веспрем, ќе продолжи во Португалија. Екипата на Бенфика е следната дестинација на вонсериското крило на белоруската репрезентација.

Романската екипа Васлуи го претстави своето ново засилување на плејмејкерската позиција – Ајденас Малашинскас. Литванскиот ветеран кого го гледавме минатата сезона на дуелите со Македонија, последните две сезони играше во екипата на Бузау, исто така од Романија.

Полскиот вицепрвак Келце, конечно, ја официјализираше информацијата за трансфер на десниот бек Жилиен Бос. Французинот во Келце доаѓа во 2026 и ќе го замени Алекс Душебаев.

Екипата на Гранољерс одигра фер потег и го продолжи договорот на бекот Феран Кастиљо до 2027 година. Кастиљо се повреди во март годинава, настрада коленото и нема да биде во игра најверојатно до крајот на 2025.




Некогашниот европски првак, женската екипа на Виборг, ја испрати на одмор на неодредено време ракометарката Кристине Педерсен. Причината е бизарна, нејзините соиграчи не ја сакаат до таа мерка што решиле дека нема да тренираат доколку и таа е на тренинг.

 

Поврзани вести