Кил го купува Домен Макуц од Барса

Photo: IHF/Kolektiff

По доаѓањето на Гонзало Варгас од Барса во Кил, најавен е уште еден трансфер на истата локација. Словенецот Домен Макуц наводно следната сезона ќе стане ракометар на Кил. Веста ја објави Мундо Депортиво, медуим близок до каталонскиот клуб.
Домен Макуц во Барса дојде од Целје и добро се вклопи во составот, но нема да биде чудно и ако си замине затоа што брзо се пополнува ростерот во Барса со квалитетни играчи.
Кил од друга страна, склопува екипа во која Макуц со возраста одговара, со играта исто така и Словенецот би можел да биде додадена вредност.

Поврзани вести