Игор Карачиќ го засилува Загреб

Photo: SEHA League

Единствениот хрватски клупски шампион, екипата на Загреб утре на вонредно закажана прес конференција треба да го претстави нивното капително засилување за претстојната сезона – Игор Карачиќ.

Противникот на Е. Пелистер во групната фаза на ЛШ ја доби трката со извесни клубови од Блискиот Исток, а во еден период се споменуваше и како можен член на управата на Вардар.
Ниту Вардар, ниту Блискиот Исток, Игор Карачиќ прв пат во кариерата ќе заигра за екипата на Загреб. Таму доаѓа откако шест сезони мина во дресот на полскиот тим Келце.

Игор Карачиќ „отскочната“ во кариерата ја имаше во Македонија. Дојде во Вардар во 2012 и тоа како повреден играч од тогаш сѐ уште силната Босна, но имаше трпение македонскиот тим, а тој почна да се оддолжува со своите игри и освои шест шампионски пехари во Македонија и два од Лигата на шампионите пред да замине во Полска. Во Вардар ја имаше и можеби најголемата чест, а тоа е одлуката на клубот и соиграчите, пред сѐ на капитенот Стоилов да му дозволат да ги крене сите победнички пехари на Вардар во својата последна сезона. Го крена победничкиот во СЕХА и победничкиот во Келн.

Неговиот досегашен клуб, Келце е во период кога во клубот се менуваат многу работи, а играчкиот кадар е на првото место. Договорот на хрватскиот бек заврши, не беше продолжен и потоа се чекаше и се дочека името на неговиот нов клуб.

Годинава тој ја заврши и репрезентативната кариера со сребро од Светското првенство околу вратот, но на клупски план има да каже уште збор два.

Поврзани вести