Замената за Гроцки доаѓа од Хановер

Photo: Rhein Neckar Loewen

Легендарниот германски ракометар Патрик Гроцки следната сезона ќе ја заврши кариерата во која има играно само за еден клуб – Рајн Некар Ловен и тоа полни 19 години ќе заокружи во моментот кога ќе биде означен крајот на сезоната.

РНЛ цели 19 години не мораше да размислува за позицијата десно крило, затоа што таму секогаш кога беше фит, прв избор беше Гроцки.
Гроцки заминува, а многу брзо е пронајдена и неговата замена.

Тоа е ракометар што ќе го видиме и во Скопје на 6 септември, а претходно ќе го гледаме на дуел со Алкалоид и на 31 авуст.

Мариус Стенхаузер од Хановер Бургдорф треба да стане нов ракометар на РНЛ следното лето. Германските медиуми го третираат овој трансфер како готова работа и веруваме дека така и ќе биде.

Поврзани вести