Кам бек на Нора Морк, Србија ќе менува селектор

Photo: Mudharclub/Instagram

По пауза од речиси една година, на терен се врати норвешката ѕвезда Нора Морк. Таа беше на породилно отсуство од септември минатата година. Враќањето на терен го имаше на контролниот дуел што нејзиниот Есбјерг лесно го доби со германскиот тим Бломберг (33-24).

Никола Јукиќ, хрватскиот десен бек кој минатата сезона играше за екипата на ГРК Охрид, се врати на Блискиот Исток и следната сезона одново ќе го носи дресот на екипата на Ал Мадар од Саудиска Арабија.

Словенецот Јануш Лапајне не потпишал договор со Партизан затоа што истиот ден добил подобра понуда од Катар. Но, ниту Катар не му бил „пишан“ на поранешниот играч на Металург, туку на крајот заврши во Кувајт, во екипата на Казма која очигледно имала најдобра понуда.

Екипата на Олимпијакос пред новата трка со АЕК за шампион на Грција и во ЕХФ Европскиот Куп каде што се Охрид, Тиквеш и Бутел - се засили со крилото на Келце, Цезари Сургиел и лев бек од Бразил – Денис да Силва Барош. Вкупно осум нови играчи има во Олимпијакос.

Екипата на Дуго Село, клуб од Хрватска која сезонава ќе игра во квалификациите за ЕХФ Европската лига го ангажираше Тони Чолина, поранешен селектор на кадетската репрезентација на БиХ (СП Македонија 2019) за прв тренер.

Иако норвешкиот стратег Бент Дал нема одработено доволно денови на кормилото на женската сениорска репрезентација на Србија, се шпекулира дека веќе се планира неговата смена. Новото име би требало да биде Французинот Емануел Мајонад, тренерот на Мец кој како селектор на Холандија стана светски првак.

 

Поврзани вести