Играа во Македонија, сега се на Блискиот Исток

Photo: Auk Lak/ CC BY 4.0 (cropped image)

Продолжува праксата која веќе е прерасната во традиција, ракометни интернационалци што доаѓале во Македонија да си изградат убави кариери или да потпишуваат за клубови каде што добро ќе заработат, користејќи ја македонската Суперлига како почетна точка, рестарт или пак отскочна штица. Ова во принцип важи за странските ракометари, македонските многу ретко влегуваат во меѓународната шема на трансфери и ја искористиле домашната лига на начин на кој ја користат странците.

Двајца ракометари кои играа во Македонија потпишаа договори со екипи од Блискиот Исток. Едниот е веќе искусен светски патник, српскиот бек Немања Младеновиќ кој во еден период играше за Металург, а сега е промовиран како ракометар на Ал Худа од С. Арабија.

Другиот е црногорскиот десен бек, Вук Лакичевиќ кој играше за Струга, а следната сезона ќе игра во ОАЕ во екипата на Малиха Спорт.

Поврзани вести