Е. Пелистер со победа ја отвори сезоната

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го одигра првиот контролен натпревар за време на подготовките што во оваа фаза ги реализира во Златибор, Србија.
Е. Пелистер одигра пријателски натпревар со стар познанинк на македонскиот ракомет, екипа што не ја гледаме последниве неколку години поради санкции. Белорускиот Мешков Брест се подготвува во Златибор и средбата во српскиот спортски центар двата клуба ја искористија за контролен натпревар.
Победи македонскиот тим, резултатот е 30-29 (16-14).
Белорусите во првиот дел имаче предност од 7-4 и 11-9, но на полувреме предноста замина на страната на битолчани кои првиот дел го добија со 16-14.
Во второто полувреме Е. Пелистер имал водство до 45 минута, а потоа се играло израмнето до крајот, со тоа што конечната победа е запишана за македонскиот состав.

Поврзани вести